1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген укинува уште 7.000 работни места

СН/ агенции
13 март 2019

При претставувањето на деловниот извештај, врвот на концернот вчера порача дека Фолксваген во иднина ќе се фокусира на електромобилноста. Еден ден подоцна стана јасно што ќе значи тоа за вработените.

https://p.dw.com/p/3EvQH
Wolfsburg Volkswagen-Werk Mitarbeiter
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген денеска објави дека ќе укине меѓу 5.000 и 7.000 работни места до 2023 година во својата истоимена единица во рамки на мерките за штедење воведени поради финансирање на инвестиции во електричните и автономни возила.

„Поради автоматизација и рутински задачи компанијата очекува дека ќе укине меѓу 5.000 и 7.000 работни места до 2023 година“, наведе компанијата во соопштението и додаде оти намалувањето на работната сила ќе биде спроведено така што нема да се заменуваат оние лица кои ќе одат во пензија.

Повеќе:

-Анѓушев за ДВ: Инвестицијата на „Фолксваген“ е шпекулација, но на „Гересхајмер“ е реалност!

-Тешко е да се стане Словачка

-Фолксваген: Од дизел-измамник до предводник во еко-мобилност

Ова намалување се придодава на тековната програма за преструктуирање која предвидува до 2020 година да се укинат 21.000 работни места во светот и да се заштедат над 3 милијарди евра.

Истовремено, групацијата Фолксваген има намера да ги зголеми на 19 милијарди евра вложувањата во „иднината“, како што е воведувањето на електрични модели и автономни возила, во однос на 11 милијарди колку што беа најавени во ноември. Компанијата има намера да отвори околку 2.000 работни места за развој на софтвер и електроника.