Фирмите мора да се дигитализираат
14 март 2016Дигитални светови: податоците од облак се влеваат во компјутерите на претпријатија и на приватни корисници. Примената е голема.
ИБМ работи на систем, на апликација за слепи., која треба да им го олесни купувањето во супермаркет. Слепиот ја изговара желбата, а смартфонот го води до вистинската полица со помош на вградена камера која ја скенира околината.
Мартина Кедериц, претседател на ИБМ Германија, вели:
„Ова е извонреден пример. Прво, затоа што гледаме дека когнитивните технологии и решенија може да играат важна улога во приватната сфера на секој човек. И второ, може добро да се види дека препознавањето слики во иднина ќе игра сѐ поважна улога за ваква намена.“
Корисниците можат да испробаат многу решенија од кои широките народни маси би профитирале во наредните години. Човекот во фокус, дигитализацијата како шанса за многу сфери од животот - саемот сака да го прикаже и тоа, а не само сервери, машини и апстрактни процеси.
Овде можете да го погледнете видеото:
И во спортот работите се менуваат. Стадионот на Бајерн Минхен: германскиот концерн САП демонстрира како да се анализира и насочува приливот на посетители. Каде да се ангажира повеќе персонал, каде може да дојде до опасни ситуации?
Фудбалските фанови седат на персонализирани седишта, можат да нарачаат јадење и да го активираат парното греење на седиштето. Системот дури ги анализира и активностите на социјалните мрежи. Ако играчите се особено успешни, тие често се „твитани“ од фановите и уште на стадионот може да се испечатат и да се понудат на продажба дополнителен број дресови со нивните имиња.
Безбедност, полезност, подготвеност за иднина - сето тоа саемот за компјутерска технологија ЦЕБИТ сака не само да го прикаже, туку за тоа и се дискутира жестоко на големиот број собири и манифестации на саемот.