1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Невакцинирани пациенти ги полнат болниците

ЖА
4 септември 2021

Министерот за здравство апелираше граѓаните да се вакцинираат, заради заштита на здравјето и на системот од понатамошни бранови и оптеретувања. Потребата од трета доза вакцина е сѐ поизгледна

https://p.dw.com/p/3zuvb
Nord-Mazedonien | Patienten Anlieferung
Фотографија: Petr Stojanovsk/DW

„Вакцината против коронавирус сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните. Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти", нагласи миинистерот за здравство Венко Филипче денеска во Бутел, каде изврши увид на градежните работи на новата амбуланта.

„Веројатно ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. И тоа е начин ние да ги вратиме животите во нормала. За жал, гледаме дека имаме граѓани коишто се уште се невакцинирани. Апелирам да се вакцинираат, тоа е начинот и да се заштити здравјето, а ние да го штитиме системот од понатамошни бранови и оптеретувања", рече Филипче.

Тој информираше дека во државата заклучно со вчерашниот ден се вакцинирани вкупно со прва доза околу 740 илјади граѓани. Процентот на вакцинирани граѓани над 40 години со една доза е 53 проценти, а вкупниот некаде околу 37 проценти, што значи помал е опфатот на помладите граѓани.

Борба за живот во тетовската болница

„Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, меѓутоа тоа се пациенти коишто навистина имаат тешка состојба, имаат сериозни коморбидитети и иако лекувани по сите тие стандарди, за жал не може да се помогне", наведе Филипче.

Министерот за здравство  имал состанок со претстаници на „Фајзер“, на кој раговарале за плановите за следната година и за нивните сознанија во однос на клиничките испитувања. Сите испитувања досега, посочи министерот, одат во насока дека најверојатно трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираат.