1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фејсбук го купува Инстаграм за милијарда долари

ЕМФ/ртр/дв10 април 2012

Првиот човек на Фејсбук Марк Закерберг на својот Фејсбук-профил објави дека неговата компанија договорила купување на Инстаграм, фирма со само 12 вработени, за една милијарда долари.

https://p.dw.com/p/14a46
Фотографија: Reuters

„Возбуден сум што со вас можам да ја поделам веста дека успеавме да договориме купување на Инстаграм и дека нивниот талентиран тим ќе му се придружи на Фејсбук“, напиша вчеравечер (09.04) Закерберг на својот Фејсбук-профил. Со Инстаграм сопствениците на мобилни апарати можат со помош на филтри и ефекти да ги обработуваат своите фотографии и да ги ставаат на интернет.

Инстаграм, во кој работат 12 луѓе, е достапен од почетокот на 2011 година и има 30 милиони корисници, но има многу мал профит. Набљудувачите претпоставуваат дека Фејсбук со ова сака да спречи Инстаграм да се развие во негов голем конкурент, или пак да спречи фирмата да падне во раце на конкурентите Гугл или Твитер. Чекорот на Фејсбук е како дефанзивен, така и офназивен, оценува Лу Кернер, основач на Соушл Интернет Фонд.

Фејсбук првпат купува фирма која има толкав број на „јузери“ во светот. Веројатно многу вакви зделки нема ни да има. Фејсбук има намера да го плати преземањето на Инстаграм во кеш или со сопствени акции. Порано фејсбук „голташе“ само мали фирми, за така да стигне пред се‘ до талентирани стручњаци. За разлика од досегашните преземања, Инстаграм стреба да остане самостоен понудувач на услуги.