1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унитети ги оспори изборите пред Уставен суд

БГ
25 октомври 2016

Партијата Унитети претпладне ја оствари најавената закана дека ќе ги оспори изборите пред Уставниот суд поради неизбалансираност на изборните единици.

https://p.dw.com/p/2Rfyz
Mazedonien Protest vor dem Verfassungsgericht in Skopje Sicht von der alten Steibrücke
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Вонпарламентарната опозициска партија Унитети претпладнево поднесе иницијатива пред Уставниот суд со која го оспорува Решението за распишување на предвремените парламентарни избори. За партијата, спорно е присуството на поголем број запишани гласачи од дозволеното во Шестата изборна единица.

„Изборите се антиуставни и незаконски“, рече Зуљфи Адиљи откако ја поднесе иницијативата.

Неизвено е дали и кога Уставниот суд ќе одлучува по барањето. Вообичаено, во досегашната пракса, на судот му беше потребно најмалку еден месец за да одлучи дали е надлежен за одредена постапка.

Доколку Судот не одлучи да решава во итна постапка за ова барање, тешко е да се верува дека иницијативата ќе биде разгледувана до пред завршувањето на изборите на 11 декември.

За потсетување, Уставниот суд сѐ уште нема закажно расправа ниту по иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, иако таа беше поднесена пред повеќе месеци.

Од Унитети досега немаше никаква најава дека ќе ја проблематизираат состојбата во Шестата изборна единица, иако за таа тема долго се дискутираше во македонската јавност. Иницијативата се случува дури по распуштањето на парламентот, што пак отвора некои дилеми околу нејзините вистински мотиви.

Нејасно е дали потегот на вонпарламентарната опозициска партија на поранешниот висок функционер на ДУИ, Гзим Острени е „авторски“ или диригиран од некоја од поголемите албански политички партии.

Иако Унитети пред неколку дена потпиша договор за заеднички настап на изборите со Движењето за реформи - ДПА и со НДП, се редат шпекулации за можни врски и со ДУИ.