„Убиство во Титово име“
1 октомври 2014Чашата чај остана на масата, недопрена. Ѓуро Загајски таа вечер во пролетта 1983 година ненадејно го напушти станот во Минхен и тргна во непознат правец. Следното утро минувачите во минхенско предградие го открија телото на 43-годишниот хрватски емигрант.
Роберт Загајски никогаш нема да ги заборави моментите кога последен пат го видел својот татко жив.
„Убијците ги немаше, немаше никого кој го наредил убиството, службено никој не можеше да биде обвинет за тоа. И полицијата на крајот беше немоќна“.
За Роберт Загајски нема сомнение-тој вели, знае кој му го убил татко му. УДБА.
Не е убиен никој недолжен
Ѓуро Загајски е само една од жртвите на „сигурно најдолгата серија неразјаснети убиства во повоената германска историја“. Така Првата програма на германскиот јавен телевизиски сервис АРД го најави емитувањето на 45-минутниот документарен филм „Убиство во Титово име“, во кој авторите Филип Грил и Франк Хофман се обидуваат да ја објаснат заднината на егзекуцијата на хрватските емигранти во Западна Германија. Филмот е во копродукција на Баварската телевизија и Дојче веле.
Потрагат на Роберт Загајски по убијците на неговиот татко и вистината е црвената нитка која се провлекува низ целиот документарен филм. Во текот на филмот Загајски открива кој се‘ го шпионирал неговиот татко во Германија. А еден од тие агенти на УДБА среќава лично во баварскиот Фирт. Документите откриваат дека тој човек бил двоен агент. Работел и за југословенската тајна служба, но и Германците ги снабдувал со информации. „Не е убиен никој невин“, тврди тој.
„Убиствово Титово име“ е плод на едногодишното истражување за темата за која мнозинството Германци не знае многу. Авторите на филмот, по повод почетокот на минхенскиот судски процес против Јосип Перковиќ и Здравко Мустач затоа сакаат да ја сензибилизираат јавноста за размерите на злосторствата извршувани во нивното соседство. Филмот поставува многу прашања. На голем дел од нив одговори не се најдени, не можеле да бидат понудени. Но, тоа и онака не била примарна цел на авторите. Тие сакаат да покренат морална дебата за извршените злодела.
Бон знаел за ликвидациите
Германскта влада, имено, знаела за активностите на УДБА на германско тло. Бон многу добро занел дека УДБА ликвидира хрватски емигранти и дека убијците по извршувањето на ликвидациите бегале во Југославија, на сигурно. Зошто германските власти не ги спречувале убиствата? Зошто никогааш не биле пронајдени извршителите? Зошто тие не биле фатени на германска територија?
„Југославија можевме да ја критикуваме како авторитарна држава, исто како што ги критикувавме ГДР, Полска или Советскиот сојуз.Но, бевме воздржани. На Југославија се внимаваше, зашто таа ни требаше“. ОВа се зборови на бившиот германски министер за внатрешни работи Герхард Баум.
Бившиот член на сојузната влада така првпат признава јавно: во Бон на крајот на 70-те години од минатиот век веќе биле целосно свесни дека југословенската тајна служба извршила бројни убиства во Германија. Но, владеела Студена војна. Југославија била стратешки важна, тогашниот канцелар Вили Брант сакал таа земја потесно да ја поврзе со Запад.
„Машко пријателство“ меѓу Брант и Тито
Додека Брант негувал „машко пријателство“ со Јосип Броз Тито, додека уживале во цигарите и пијалокот, југословенските егенти прогонувале хрватски емигранти. Оние кои ги сметале за опасни. Оние за кои тврделе дека се радикални, кои сакале да ја „урнат Југославија“, оние кои ги нарекувале „терористи“. Луѓе како Ѓуро Загајски или Стјепан Ѓерковиќ. Бившиот менаџер на ИНА е убиен исто така во 1983 година, во Волфратхаузен во близина на Минхен. 31 година подоцна германското правосудство уште бара одговор: кој го уби Ѓурековиќ? Кој го организирал убиството?
Дали тоа можеби би Јосип Перковиќ? Тој на 19 октомври треба да седне а обвинителна клупа на еден минхенски суд, заедно со Здравко Мустач. Двајца високи по ранг агенти, луѓе кои билена самиот врв на југословенската Служба за државна безбедност или УДБА. Обвинението ги товари за организацијана убиството на Ѓурековиќ, односно за пружање помош.
Перковиќ одрекува врски со убиствата
„Со убиствата немав никакви врски. Веќе поранокажав оти немам врски со убиствотона Ѓурековиќ или било чија друга смрт“, тврди во документарецот Перковиќ.
Но, германските обвинители не му веруваат. Сојузното државно обвинителство се6уште истражува 13 атентати над хрватски емигранти. Мнозинството осомничени и натаму се на слобода. Тие живеат во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.