1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Туристички летови до Месечината

Мануел Ецеркез
1 март 2017

Приватната фирма за вселенски летови SpaceX најави летови до Месечината за туристи веќе наредната година. Колку ќе чини патувањето? Тоа засега е непознато.

https://p.dw.com/p/2YQr4
SpaceX
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/SpaceX

Американската фирма SpaceX има намера во 2018 година на Месечината да однесе двајца туристи. Дали намерата ќе се реализира е неизвесно. Ракетата и капсулата за таа цел треба допрва да се тестираат.

SpaceX досега со беспилотни летала ја снабдуваше вселенската станица ИСС. Таа воопшто нема искуства со вселенски летови со луѓе. Фирмата досега имаше повеќе неуспешни обиди. Пред половина година во Кејп Канаверал експлодираше една ракета.

Досега на Месечината заминале 24 астронаути. Во 2018 година може да биде означен почетокот на вселенскиот туризам.

Колку чини вакво патување? SpaceX не дава информации.

На одмор на Месечината