1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Трамп продолжува да го разгорува конфликтот со Кина

СН/агенции
5 декември 2020

Непосредно пред крајот на неговиот мандат, американскиот претседател Доналд Трамп одново го засилува притисокот врз Пекинг. Во фокусот на Стејт депарментот сега се кинески програми за културна размена.

https://p.dw.com/p/3mGFn
USA | Washington | Donald Trump Thanksgiving Videokonferenz
Фотографија: Erin Schaff/Zuma Wire/Imago Images

Американскиот Стејт департмент објави синоќа дека укинува пет програми за културна размена со САД, кои ги финансира Кина, нарекувајќи ги „пропагандни алатки“.

Овие пет програми спроведени во рамки на американскиот Закон за взаемна образовна и културна размена (МЕЦЕА) кој им дозволува на американските државни службеници да патуваат користејќи странски средства, се маскирани во културна размена, пишува во соопштението на државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Додека другите програми основани под закрила на законот на МЕЦЕА се взаемно корисни овие пет програми целосно ги финансира и ги води Кина „како средства за пропаганда и мека на моќ“, нагласува Помпео.

„Тие им обезбедуваат внимателно подготвен пристап на претставниците на Комунистичката партија на Кина, а не на кинескиот народ, кој нема слобода на говор или на собирање“, додава Помпео.

Повеќе:

-Трамп забрани инвестиции за Кина, Пекинг му честиташе на Бајден

-„Њујорк тајмс“: Трамп има банкарска сметка во Кина

-Трамп го засилува притисокот врз кинеските сопственици на ТикТок

Укинувањето на овие програми е најнов одраз на многу затегнатите односи на американскиот претседател Доналд Трамп со Кина.

Под раководство на Трамп, САД започнаа трговска војна со Кина, се спротиставија на нејзините територијални амбиции во спорните води во Јужно кинеското море, ја критикуваа репресијата која Пекинг ја води против продемократското движење во Хонгконг и го осудија кинеското почетно управување со пандемијата на коронавирусот која започна во Вухан во ноември 2019 година и се прошири на целата планета.

Неделава САД објавија планови за временско ограничување на визите издадени за членовите на Комунистичката партија на Кина и на нивните семејства, намалувајќи го траењето на визите од 10 години на еден месец.