1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Процесот против Трамп е во согласност со Уставот

Вулф Вилде
10 февруари 2021

Американскиот Сенат гласаше за продолжение на втората постапка за импичмент против поранешниот претседател Доналд Трамп. Мнозинството пратеници не се согласија со аргументацијата на бранителите на Трамп.

https://p.dw.com/p/3p8z6
USA Impeachment-Prozess gegen Trump
Фотографија: U.S. Senate TV/REUTERS

Вториот процес за импичмент против Доналд Трамп е во согласност со Уставот, утврдија со гласање американските сенатори. Покрај 50-те демократи, „за“ гласаа и петмина републиканци. 44 републикански сенатори беа против.

При гласањето стануваше збор за тоа дали е можен процес против Трамп како поранешен американски претседател. Пред гласањето имаше четиричасовно сослушување, во текот на кое тужителите и бранителите на Трамп ги изложија своите аргументи.

Повеќе: За што всушност станува збор во втората постапка за импичмент на Трамп?

Адвокатите на Трамп, како и голем број републикански сенатори, аргументираа дека постапката е противуставна и дека Сенатот може да суди само за актуелни, а не и за поранешни претседатели. Дејвид Шоен од тимот за одбрана на Трамп изјави дека приватни лица не можат да бидат симнати од функцијата и дека за тоа да се сфати е доволно само да се има здрав разум. Шоен ги обвини демократите дека почнале процес за „да го отстранат Трамп од политичката сцена“. Тоа, според него, е злоупотреба на процесот за импичмент за политички цели. Според Шоен, на Демократите не им до тоа да ја обединат земјата, како што сами нагласуваат: „Овој т.н. процес ќе ја распарчи земјата“, опомена тој.

USA Impeachment-Prozess gegen Trump
Дејвид ШоенФотографија: AP Photo/picture-alliance

Повеќе: Импичмент: Трамп не сака да сведочи под заклетва

Џејми Раскин, кој ја води противничката страна, онаа на тужителите, опомена дека нема „јануарски исклучок“, притоа алудирајќки на последниот месец од мандатот на Трамп. Претседателите мора да одговараат за она што го прават до последниот ден од мандатот, сметаат демократите. Тоа значи дека процес во Сенатот може да има дури откако ќе истече мандатот. Во спротивно, еден претседател би можел, на пример, да се обиде да се одржува насилно на власт откако ќе биде симнат од функција на избори, образложи Раскин. Тој додаде дека обвинението се потпира врз „чисти, цврсти факти“.

USA Impeachment-Prozess gegen Trump
Џејми РаскинФотографија: AP Photo/picture-alliance

Повеќе: Републиканските сенатори „не го даваат“ Трамп

По одлуката во Сенатот дека процесот против Трамп е во согласност со Уставот, двете страни сега имаат по два дена да се зафатат со конкретните обвинувања на сметка на поранешниот претседател.

USA Donald Trump
Прогласувањето на Трамп за виновен е речиси исклучено, затоа што за тоа би било неопходно двотретинско мнозинство во СенатотФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Демократите го обвинуваат Трамп дека на 6 јануари ги подбуцнал своите поддржувачи да упаднат во Капитолот. Доколку биде донесена пресуда против Трамп, тој би можел да биде исклучен од јавни функции во иднина. Меѓутоа, прогласувањето на Трамп за виновен е речиси исклучено, затоа што за тоа би било неопходно двотретинско мнозинство во Сенатот, во кој Демократите и Републиканците имаат по 50 сенатори. Тоа значи дека со ставовите на демократите би требало да се согласат дури 17 републикански сенатори.