Тилерсон: Воена интервенција против Северна Кореја е можна
17 март 2017„Стратешкото трпение“ на САД кон Северна Кореја, која располага со нуклеарно оружје, заврши – порача државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон во Сеул.
Оваа изјава навестува промена на позицијата на САД кон Северна Кореја која ја постави претходната администрација, кога САД ја исклучи можноста за интервенција и предност и даде на посветеноста за денуклеаризација.
„Политиката на стратешко трпение заврши“, изјави Тилерсон на заедничката прес конфереција со јужнокорејскиот колега, Јун Бјунг-Се. „Размислуваме за нов опсег на дипломатски, безбедносни и економски мерки. Сите опции се на масата“.
Тилерсон додадете дека може да биде неопходно да се преземат превентивни воени мерки против Северна Кореја доколку заканата од нивната програма за нуклеарно вооружување достигне ниво „за кое се верува дека е потребна акција“. Тој не кажа кое би можело да биде тоа ниво.
„Сигурно не сакаме да дојде до воен конфликт", изјави тој за новинарите.
Тилерсон денес пристигна на граница со Северна Кореја, т.н. демилитаризираната зона (ДМЗ). Државниот секретар на САД изјави дека 20 годишните дипломатски напори во Северна Кореја се „сведоа на ништо“.
Тој забележа на предиодот кога САД и донираше на Северна Кореја 1,35 милијарди долари како помош за земјата да „тргне по поинаков пат“ и додаде дека тоа не помогнало.
Тилерсон и јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласија дека двете земји треба да имаат заеднички стратешки цели да се справат со нуклеарната закана.
Закана од северот
Долгогодишните амбиции на Северна Кореја да стане нуклеарна сила кулминираа во 2006 година кога властите во Пјонгјанг го извршија првиот нуклеарен тест, иако пораки на спротивставување и протест пристигаа од целиот свет.
Подоцна беа направени уште четири тестирања, од кои две беа извршени минатата година.
Пјонгјанг продолжува да се спротивставува на меѓународната заедница и покрај двете рунди на санкции поддржани од ОН. Минатата недела, Северна Кореја изврши тестирање на балистички ракети кои паднаа во морските водите на Јапонија.
Во меѓувреме, Јужна Кореја се согласи на нејзината територија да биде поставен ракетен одбранбен систем на САД познат под акронимот ТХААД.
По посетата на демилитаризираната зона, Тилерсон треба да се сретне со министерот за надворешни работи Јун Бјунг-Се и премиерот Хванг Кјо-ан.
Првата посета на Азија во функција на државен секретар на САД, Тилерсон ја започна во Јапонија во средата, а утре ќе патува во Кина.
„Пекинг може да направи повеќе"
Вашингтон го притиска Пекинг да вложи повеќе напори и да помогне да се намали нуклеарната програма на Северна Кореја.
Официјално лице од САД, за агенцијата Ројтерс изјави дека се очекува Тилерсон на кинеското лидерство да му пренесе порака дека САД има намера да ја зголеми ракетната одбрана во регионот и покрај несогласувањето на Кина.
Тој исто така ќе го притисне најголемиот дипломатски заштитник и трговски партнер на Северна Кореја да поддржи построги санкции. Пекинг, од другата страна чувствува иритација од поставувањето на ракетниот систем во Јужна Кореја.
Предлог за поставување на ракетен штит
Либералниот јужнокорејски политичар Мун Јае-ин кој има најголема шанса да стане следниот претседател на земјата, во петокот изјави дека доколку биде избран ќе изврши ревизија на договорот за поставување на ракетен штит и дека за тоа ќе се консултира со Кина. Доколку Мун Јае-ин, кандидат за претседател на изборите закажани за 9 мај, биде избран на функцијата и ја повлече одлуката за поставувањето на ракетниот систем може да предизвика проблеми со САД, најголемиот сојузник на Јужна Кореја.
Претходно, конзервативната влада на поранешниот претседател Парк Геун-хје, кому не му беше изгласана доверба во постапката за импичмент, се согласи на поставувањето на ракетен штит .
Можен конфликт во Северно море
За време на комисиската расправа за назначување на за државен секретар на САД, Рекс Тилерсон го спореди градењето на острови на Кина во Северното кинеско море и поставувањето на воени средства со руското анексирање на Крим и сугерираше дека пристапот на Кина до островите не треба да биде дозволен.
Ова прашање би требало да се најде високо на агендата при посетата на Тилерсон на Пекинг.
Кина, Филипините, Виетнам, Тајван, Малезија и Брунеи спорат околу сопственоста над Северното кинеско море, кое е едно од најпрометните водени патишта во светот, а се верува дека под него лежат огромни количества на нафта и гас.