Тешка сообраќајна несреќа во Германија
19 јули 2014На автопатот А4 кај Дрезредн во раните утрински часови (19.07.2014) во сообраќајна несреќа загинаа најмалку девет лица, а над 40 патници се тешко повредени и се сместени во болниците во Дрезден и околината. Деветте загинати патници се од Полска.
Според информации од полицијата, околу 2 часот во близина на Дрезден патнички автобус од Полска налетал на автобус од Украина. Автобусот од Полска се занесол, ја пробил заштитната ограда на средината на автопатот и налетал на мал автобус од Полска, кој се движел во спротивна насока.
Седум од жртвите се од минибусот, а две од полскиот автобус. Спасувачките екипи стигнале на местото на несреќата со голема брзина. Автопатот кој води кон Ајзенах во Тирингија и потоа кон германско-полската граница, на делницата на несреќата е целосно блокиран до попладневните часови.