1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ уште важат истите правила за работа во Германија

ЕМФ
3 јануари 2019

Германската амбасада во Скопје денеска ги демантираше информаците во дел од македонските медиуми во врска со доселувањето и работата во Германија.

https://p.dw.com/p/3AywM
Serbien Deutsches Arbeitsvisum
Фотографија: DW/S. Kljajic

По серијата неточни информации во дел од македонските медиуми околу правилата за работа и доселување во Германија, амбасадата на СР Германија во Скопје денеска излезе со демант во кој се вели:

„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб-страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи.“

Потсетуваме, дека германската влада на 19 декември даде зелено светло за нов предлог-закон за доселување, но тој сѐ уште не стигнал на дневен ред во парламентот во Берлин. Тоа би требало да се случи во текот на оваа година. Новиот предлог-закон има за цел да ја направи Германија поатрактивна за стручњаци кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Критичарите се жалат поради тоа и велат дека намерата на новите правила била само да се привлечат стручњаци. Затоа, тие бараат планираните измени да важат и за други категории лица.