Судири на демонстрантите и полицијата во Тирана
16 февруари 2019Симпатизерите на опозициската Демократска партија на неколку места го пробија полицискиот кордон во обид да влезат во зградата во која живее премиерот на Албанија, Еди Рама, но не влегоа во зградата.
И околу седиштето на владата се наоѓаат стотици полицајци. Зградата е нападната со камења и повеќе стакла се искршени.
Полицијата не пружа преголем отпор и се држи на страна, иако користеше солзавец, водени топови и преку разглас ги повикуваше собраните луѓе да се разидат.
Кога и да го пробиеја кордонот, полицијата фрлаа солзавец и повторно се групираа.
Претседателот на Албанија, Илир Мета, повика на воздржаност, велејќи дека „граѓаните имаат право да протестираат, а институциите треба да се почитуваат“.
САД, ЕУ и меѓународните институции ја повикаа опозицијата да одржи мирни протести.
Борбата против корупција и организиран криминал е приоритет за Албанија, која се надева дека годинава ќе започне пристапни преговори со ЕУ.