1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стравот на Европа од Доналд Трамп

Крстен Книп/ сн3 март 2016

Со загриженост европските медиуми гледаат на успехот на Доналд Трамп на предизборите во САД. Доколку Трамп извојува и конечна победа, тоа би имало последици и за Европа. Но на некои политичари тоа сосема би им одговарало

https://p.dw.com/p/1I5vB
Фотографија: Reuters/K. Dietsch

Тој би го избрал него, објави на Твитер неодамна францусиот десничарски екстремист Жан-Мари Ле Пен. Кога основачот на францускиот Национален Фронт (ФН) би бил Американец, би гласал за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Оваа вест не е изненадувачка. Впрочем постојано водечки политичари на ФН се изјаснуваа за Трамп. Претседателката на партијата Марин Ле Пен порача дека и таа како и Трамп се залага за „заборавените“. „Трамп и Сандерс добро се покажуваат на предизборите кај републиканците и кај демократите. Тоа докажува дека е предизвикан естаблишментот и во Америка“, изјави неодамна потпретседателот на ФН, Флоријан Филипо.

Сон за автентичен народ

„Заборавените“, „анти-естаблишмент“: со овие изјави Ле Пен и Филипо ги потврдуваат стравувањата , кои во меѓувреме сѐ поуспешната претседателска кандидатура на Транп ги предизвикува во Европа. Доколку Трамп на крајот биде успешен и во 2017 навистина се всели во Белата Куќа , европските десничарски популисти би можеле да остварат натамошен подем, стравува францускиот весник „Монд“. Тогаш би можело да се смета на тоа дека популизмот ала Трамп би можел да ја поткопа политичката култура на стариот континент. Тогаш би можела да се раствори и политичката разноликост, која беше толку типична за Европа во последните децении, зашто еден популист, истакнува „Монд“, за исправна ја смета само сопствената програма: „ Вистински популист нема да се задоволи со тоа да ги критикува елититем зашто тој е и анти-плуралист. Тој тврди дека е единствениот кој соодветно застапува автентичен народ“.

Front National-Gründer Jean-Marie Le Pen
Жан-Мари Ле ПенФотографија: picture alliance/abaca/L. Liewig

Сеќавања на Берлускони

Такви тенденции веќе некое време се прошируваат и низ Европа. „Европските популисти постојано изразуваат сомнежи во демократскиот процес, кој не го донесува резултатот, кој тие го сметаат за единствен исправен“. Така холандскиот популист Герт Вилдерс го означува горниот дом на холандскиот парламент како „лажен парламент“. А имено и Доналд Трамп го обвини својот републикански противкандидат Тед Круз за изборна измама откако овој победи на предизборите во Ајова.

Infografik Delegierte nach Super Tuesday US-Vorwahlen Englisch

Италијанската новинарка Глорија Ориџи од весникот „Ил фато квотитиано“ , изборните маневри на Трамп многу ја потсетуваат на Силвио Берлускони. како и поранешниот италијански премиер и медиумски могул, така и Трамп негува имиџ на аутсајдер- но истовремено ги користи сите шанси што му ги нуди политичкиот систем. како и пред него Берлускони така и Трамп пред сѐ работи на фасадата. „Не се знае што тој политички ќе неправи од својот успех. Сосема сигурно тоа нема врска со она што граѓаните го сакаат или претпоставуваат во моментите кога воодушевени и восхитени го повторуваат името Трамп- како еликсир. Трамп не продава ништо друго освен името Трамп и колку подобро го продава, толку подобро ќе го продава и во иднина“

Нејасна политичка програма

Всушност речиси и не може да се осознае за конкретната политика на Трамп, пишува британскиот весник „Спектејтор“. „немаме никаква претстава за тоа како всушност би изгледла владата на Трамп“, го цитира весникот американскиот политиколог Ентони Кордесман. Досега Трамп поставува само барања. Но во случај на изборен успех тој би морал да раководи со земјата. „Дали ќе го зголеми или намали буџетот за одбрана? Кој всушност го знае тоа? Еднаш е за тоа да се фрлат повеќе бомби во Сирија, еднаш е против тоа“. Но без оглед како ќе се одлучи- неговите решенија би имала огромни ефекти и за Европа.

Траум негува реторика на егоизам и дистанцирање, пишува британскиот весник „Грдијан“. Тој проповеда дека човек може да постигне сѐ, ако не е попречуван во тоа од страна на другите. „ И Трамп опстојува на тоа дека другите се имигрантите- муслиманите, Мексиканците“ Велика Британија само поради тоа нема политичка фигура споредлива со Трамп, зашто дистанцирањето во земјата се артикулира во малку пофина форма. Но дистанцирање постои - и е насочено против ЕУ.

USA Hillary Clinton und Barack Obama PK in Chicago
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Watson

„Политика на страв“

На дистанцирањето анлудираше и германскиот министер на надворешни работи Франк-Валтер Штанмајер, кога- без да наведе имиња- во САД дијагностицираше „политика на страв“. Најголема грижа на европските политичари е дека ваквото сеење страв е се поприсутно и на стариот континент. речиси во цела Европа во меѓувреме има политички партии, кои се потпираат на логиката на дискриминација.

Но сосем независно од исходот на американските избори во наредната година, Европејците би морале да се подготван на уште едно нешто, пишува „ Монд“: на збогувањето од доктрината на Обама. Таа имено постои, и се одликува со воздржана надворешна политика која се потпира на соработка. Дотогаш на Европејците би морало да им биде јасно, што да очекуваат од САД, зашто на 20 јануари 2017 заедно со Барак Обама ќе исчезне и неговата доктрина“, пишува „Монд“.