Србија-Косово:„Историски прогрес“
14 февруари 2020Американската амбасада во Берлин објави на Твитер дека амбасадорот Гренел ја започнал конференцијата за безбедност во Минхен со историско потпишување на договор за железница и автопат меѓу Србија и Косово, по минатомесечниот договор за обновување на директните летови меѓу Белград и Приштина.
„Она што го направивме всушност е дека договоривме начин да ги отвориме железничка врска и автопат. Како што знаете, веќе се договоривме за авионска линија меѓу Белград и Приштина, така што ова се два нови договори “, изјавил Гренел по потпишувањето на договорот.
Повеќе:
-Моја Европа: „Дилот“ на Трамп на Балканот
-Владата на Курти на Косово: По зборовите мора да следат дела
Гренел, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, повтори дека „се обидува што е можно повеќе да се фокусира на економскиот развој и создавањето на работни места“.
„Морам да кажам дека од самиот почеток, двајцата претседатели се согласија дека ова треба да биде во фокусот. Благодарен сум што успеавме да стигнеме до оваа точка “, рече Гренел.