1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солидарност и поделба

Фолкер Вагенер/ сн14 јануари 2015

Расте поддршката за движењето Пегида кое го критикува исламот, но расте и отпорот против Пегида. По нападите во Париз се’ појасно станува дека Германија е поделена. Тоа е алармантно сознание, смета Фолкер Вагнер.

https://p.dw.com/p/1EJZT
Фотографија: picture-alliance/dpa/Oliver Killig

Почна големото пребројување. 30.000 во Лајпциг, 20.000 во Минхен, 19.000 во Хановер, 9.000 во Сарбрукен- вкупно околу 100.000 во цела Германија и сите се солидарни со весникот „Шарли Ебдо“. Но и самонаречените спасувачи на Европа растат. 25.000 луѓе дојдоа на „домашниот терен“ на движењето Пегида, во Дрезден, тоа е рекорд. Не може да се негира: дел од Германците се спротиставени како што се тоа инаку навивачите на ривалските фудбалски клубови. Семето на исламистите убијци никнува. Нетрпението расте во германското општество.

Пегида расте. „Je suis Charlie" исто така!

Она со што ги собира новото движење исламофобичните граѓани е неговата социолошка ширина. Веќе не се само тоа оние кои вечно живеат во минатото, оние кои нервираат со совојата параноја за доминација на странците. Оние кои денес за себе можат да кажат дека сакаат да ја спасат Германија, веќе не се на сите добро познатите непоправливи случаи: неонацистите, хулиганите, агитаторите во убави костуми. Актуелно на ритуалните прошетки во понеделник учествуваат пред се’ чесни граѓани. Тоа се пензионери кои поради трошоците за сириските бегалци се плашат за својата пензија. Мајки кои се грижат за своите деца, кои на училиште наводно во втор план ги туркаат премногу Ахмеди и Ајши. Па дури и академски образованата средна класа се плаши од пад на општествената скала: и тоа се’ поради нашите муслимани. Тоа е случај за терапевти.

Ако постојат само тие фалбаџиски патриоти, тогаш тоа не би било добро за Германија. Веќе со недели, посебно по надатите во Париз, многу повеќе луѓе на улиците демонстрираат за толеранција и против нетрпение кон странците, тие се многу повеќе од растечкиот табор на Пегида во Дрезден. Со должно почитување кон просветлениот граѓански протест: плакативната „исповед“ „Je suis Charlie" ( Јас сум Шарли) е сомнителна. Шарли- солидарноста не чини ништо, а тогаш рефлекс е погоденоста на поголеми слоеви на германскиот образован среден слој. И ништо повеќе.

Deutsche Welle Volker Wagener Deutschland Chefredaktion REGIONEN
Фолкер Вагенер, автор на коментаротФотографија: DW

Многу лицемерие...

Потребна е доследност за моменталната солидарност да се претвори во трајна солидарност. Повеќе веродостојност кај „погодените“ сограѓани. Самоправедноста во која се „тркалаат“ делови од алтернативната сцена, ама и припадниците на граѓанскиот табор, едноставно е лицемерна. Сѐ додека тие атрактивноста на нашата мултукултурност ја дефинираат од искуствата од одморот во Тоскана и егзотичните продавници и ресторани во нивните населби на благосостојба, солидарноста со нашите муслимански доселеници ќе се изобличи во попуст ритуал на наводно добри луѓе.

Не е мал бројот на оние кои деновиве се декларираат како „Шарли“ а притоа никогаш порано не ни чуле за овој сатиричен весник, кои своите деца ги испраќаат на училиште на другата страна од градот за да го избегнат високиот процент на странци во училиштето во соседството. Или пак во своите месни заедници зад кулисите се борат за тоа во близина на нивните отмени станови и кужи да не се отвораат бегалсски домови. Тоа е толеранција која не чини ништо, тоа е само либерален став. Најважна е фасадата.

Меркел уште еднаш кажа: Исламот е дел од Германија

На таа фасада не потсети канцеларката Меркел. Кристијан Вулф, речиси заборавениот поранешен германски претседател, во сеќавањата остана само со една позитивна работа. Со неговата реченица: „Исламот е дел од Германија!“, тој ја изрече вистината за која никој дотогаш не сакаше да чуе и со тоа, со големо задоцнување, изјави дека Германија е доселеничка земја. А тоа сега Ангела Меркел повторно и децидно го потенцираше. Дојде време нашите муслимански соседи, колеги од работа, спортски другари да почнеме да ги гледаме како нормалност на нашиот живот. Сѐ друго е негирање на фактите.