Смрт во запален воз во Индија
28 декември 2013Меѓу жртвите кои го загубија животот има и две деца. Локалните телевизии информираа дека покрај големиот број жртви во несреќата има и многу повредени, кои се пренесени во болница.
Пожарот избил во климатизиран вагон за спиење. Некои од патниците се обидоа да се спасат од пожарот скокајќи од возот. Пожарот беше изгаснат од пожарникарските екипи.
Министерот за железнички сообраќај на Индија Маликарјун Карге за новинската агенција АФП потврди дека во несреќата има 26 жртви. Причината за несреќата е најверојатно краток спој во уредот за клима.
Возот сообраќал од градот Бангалор, на југот на земјата кон Нандед. Машиновозачот застанал, откако го забележал пожарот во возот, соопшти еден полицаец за весникот „Хинду“.
Индискиот премиер Манмохан Синг преку Твитер изрази шокираност поради несреќата. Тој ги повика надлежните власти, во железницата и на државно ниво, на сите жртви да им ја пружат најдобрата можна момош. Владата воведе и специјална телефонска линија за семејствата на жртвите.