1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скора разделба на Крајслер и Дајмлер?

5 април 2007

Одговорот на ова прашање е тема во денешните германски весници. Издвојуваме дел од нив.

https://p.dw.com/p/Ae3x
Дитер Цече
Дитер ЦечеФотографија: AP

Весникот “Мајн Ехо” пишува:

“Сопствениците не копнеат по ништо друго освен брз крај на пропаднатиот брак. Тоа е разбирливо, бидејќи понатамошно опстојување на Крајслер може долгорочно да и наштети на егзистенцијата на германскиот производител на автомобили. Финансиските инвеститори кои не знаат што да им прават на парите, не е исклучено и да го преземат врелиот костен Дајмлер Крајслер. Кога Цече се иззема од одговорноста за погрешно разбраната лојалност кон Крајслер, инвеститорите може да ја преземат компанијата во целост, а потоа да ја расцепкаат”, прогнозира “Мајн Ехо”.

Весникот “Хајлбронер штиме” вели:

“Одвојувањето од Крајслер е веќе завршена работа. Цече со ова го дозакопа сонот на неговиот претходник Јурген Шремп. Повеќе речиси и да нема аргументи за самостојно опстојување на компанијата. Крајслер во 2006 запиша загуби во милијарди долари, а промена на трендот кон санирање на компанијата не е на повидок. Тоа го потврдуваат и најновите бројки. Производителот го субвенционирал секој нов автомобил со 4351 долар. Ваква, негативна вредност ниту еднаш немаат достигнато неговите конкуренти како Џенерал моторс или Форд”, заклучува “Хајлбронер штиме”.