1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сезона на протести во Македонија

НД/ дв
24 март 2017

На 24 февруари беше организиран првиот марш на „Тврдокорните“ под мотото „Македонски марш – завет за Македонија“. По интервјуто на Груевски за Сител, два дена подоцна, маршот прерасна во протест „За заедничка Македонија“

https://p.dw.com/p/2Zs5k
Mazedonien Proteste in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Од зградата на владата до Собранието, со недели секој работен ден маршираат илјадници луѓе во Скопје. Она што започна како натпартиски марш под мотото „Македонски марш – завет за Македонија“ организиран од Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ по само неколку дена прерасна во „граѓански“ марш под мотото „За заедничка Македонија“. 

Поранешната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ отфрла каква било поврзаност со протестите кои се насочени против заканите од т. н. „Тиранска платформа“ и апелираат за заедничка и мултиетничка Македонија. Промената во наративот на протестите се случи по интервјуто на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за Сител, кој им порача на граѓаните дека „се во заблуда доколку сметаат дека со седење дома и гледање телевизија некој друг ќе им ја одбрани државата“. 
Оттогаш протестите добија на масовност, а се приклучија и бројни јавни личности кои секојдневно им се обраќаат на демонстрантите.