1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седум пати доживотен затвор за атентаторот на Гифордс

ЕМФ/дв/дапд9 ноември 2012

Речиси две години по атентатот врз поранешната американска конгресменка Габриел Гифордс, атентаторот Џеред Лафнер е осуден на седум доживотни казни затвор.

https://p.dw.com/p/16ftl

Освен седумте доживотни казни затвор, 24-годишниот Џеред Ли Лафнер од федералниот суд во Аризона доби плус 140 години затвор.

Лафнер во јануари 2011. година пред еден супермаркет во Тусон, на средба на Габриел Гифордс со граѓаните, уби шест луѓе и повреди 13-мина, меѓу кои и 42-годишната конгресменка. Таа го преживеа нападот со тешки повреди на главата. На почетокот на годинава, Гифордс поради долгата пауза за опоравување, го положи мандатот во Конгресот.

Гифордс, која е делумно слепа и парализирана на десната рака, присуствуваше на соопштувањето на пресудата. Нејзиниот сопруг, поранешниот астронаут Марк Кели, рече: „Нејзиниот живот е променет засекогаш.“ Тој додаде дека „секој ден е продолжување на борбата да се прават работи кои таа порано ги правеше толку добро“.

Убиецот Лафнер во август го призна делото за да избегне смртна казна.