Сара Харисон: Апел за истражувачко новинарство
2 јули 2014На Глобал Медиа Форумот, во организација на Дојче веле, британската новинарка и соработничка на Викиликс, Сара Викиликс изјави дека оваа мрежа на САД и сојузниците „продира во сите области, без да биде земена на одговорност“.
Викиликс минатите години направи многу за да се разоткрие овој систем. Една од работите од кои најмоќните најмногу стравуваат, е „големиот број документи, кои ние ги објавуваме“, истакна Харисон.
Таа на Меѓународната медиумска конференција апелираше до сите новинари „да ги следат зборовите и делата на властодржците и да ја изнесуваат вистината на светлина. Во спротивен случај, ние им овозможуваме да ја одржуваат својата власт, без да одговараат за своите дела“.
Колку е важна истражувачката работа на новинарите покажува жестоката реакција на американската влада по обелоденувањата од Едвард Сноуден на постапките на тајната служба НСА.
„Ако ја конфронтирате власта со вистината и последнава гласно ја изречете, власта ќе го возврати ударот“, рече Сара Харисон.