Самуел Жбогар-амбасадор на ЕУ во Косово
21 декември 2011Реклама
Канцеларијата на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон синоќа соопшти дека процедурата се’ уште не е формално завршена, но оти е во завршна фаза.
Словенија,со именувањето на Жбогар, би добила прв висок претставник во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), кој би ја презел должноста на крајот на јануари, кога истекува мандатот на сегашниот преоден амбасадор на Косово.
Жбогар потврди дека кон крајот на ноември се кандидирал за амбасадор на ЕУ во Косово.
Автор: СН/ АТ/ миа
Редактор: Ж. Ацеска