1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД ќе ја снабдат Украина со оружје

ЕМФ /агенции
23 декември 2017

Вооружувањето, според американското Министерство за надворешни работи, е од „чисто дефанзивна природа“. Украина е суверена држава и има право да се брани, изјави портпаролка на Стејт департментот.

https://p.dw.com/p/2ps0t
Symbolbild US-Regierung will offenbar Waffen an Ukraine liefern
Украински војници маршираат во Киев (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/dpa/E. Lukatsky

Донесена е одлука за снабдување на Украина со „подобри капацитети за одбрана“, изјави во Вашингтон портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт. Според извештај на американската телевизија Еј-Би-Си, пратката со оружје би требало да содржи 210 противтенковски ракети, во вредност од 39,6 милиони евра. Освен тоа, може да има и ракети од модерниот Јавелин-систем.

Конгресот има право на глас кога станува збор за продажба на оружје на други држави. Се претпоставува дека во случајов тој ќе даде согласност. Сенатори како републиканецот Џон Меккејн одамна вршат притисок за вооружување на Украина. Владата на Барак Обама размислуваше за такво нешто, но не го спроведе во дело.

Испораката на оружје би можела уште повеќе да ги затегне односите меѓу САД и Русија. Во конфликтот во Украина, Русија е на страната на бунтовниците кои се борат против владата во Киев. ЕУ и САД поради кризата воведоа санкции против Русија. Конфликтот во Украина почна во 2014 година, откако Русија го анектираше полуостровот Крим. Според наводи на ОН, оттогаш до денес се убиени повеќе од 10.000 луѓе. Мировниот план, којшто беше договорен во 2015 година, се спроведува само делумно.

Ukraine - Konflikt - Ukrainische Soldaten
Фотографија: picture alliance/dpa/A. Vlasova

Во текот на божиќните празници во источна Украина треба да важи примирје. Договор за прекин на огнот страните во конфликтот постигнаа во средата. Канцеларката Ангела Меркел во телефонски разговор со уикраинскиот претседател Порошенко го поздрави ваквиот чекор. Двајцата биле со единствен став дека договорот за прекин на огнот би требало да доведе до долгорочно смирување, изјави портпарол на германската влада. Од почетокот на војната досега се договорени и прекршени дузина прекини на огнот.