САД не ја укинуваат забраната за влез на Европејците
21 мај 2020Укинување на забраната за влез на европски граѓани во САД не е на повидок. „Сѐ уште немаме временски план за такво нешто“, изјави протпаролката на Белата куќа, Кејли Меканини. Тука очигледно ништо не менува ни тоа што американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги покрани лидерите на Г7 на реален, а не вирутелен самит. „Во секој случај, се надеваме дека тоа ќе се оствари“, рече Меканини.
Според неа, „сосема е соодветно“ самитот на Г7 да се одржи во САД, а обичните граѓани да немаат право на влез во земјата. „Претседателот сака да почнеме со отворање. Ограничувањата за патување се сфера во која тој сака пред да се почне со укинување прво да се обезбеди заштита на животот на Американците“, нагласи портпаролката.
Кога ја најави мерката Трамп на средината од март рече дека таа ќе трае 30 дена. На средината од април потоа потенцираше дека забраната за влез ќе остане во сила сѐ додека состојбата во европските држави кои се многу погодени од пандемијата на коронавирус не се подобри. Во моментов во САД не смеат да влезат граѓани од државите од Шенгенската зона, Велика Британија и Ирска. Исклучок се само американските граѓани во Европа, определени дипломати и Европејци кои имаат долгорочна дозвола за работа во САД, т.н. „зелена карта“.
Повеќе:
Познати личности водат ризични игри со хлорокин
Задолжително носење маска во Белата куќа за (речиси) сите
Крај на карантинот во САД би бил „опасен“
Самитот на Г7 првично требаше да се одржи на средината од јуни во Кемп Дејвид, недалеку од Вашингтон. Во март овој самит беше откажан и наместо тоа беше најавена видео-конференција. Вчера американскиот претседател Трамп изненадувачки на Твитер напиша дека со оглед на тоа што земјата се опоравува од корона-кризата, тој размислува за одржување на самитот на Г7 во првично планираниот термин или „сличен датум“. Тоа би бил извонреден сигнал на нормализација, објасни тој.