1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Протести во Белград против полицискиот час

БГ/ ДПА
7 јули 2020

Повеќе од илјада луѓе излегоа на протест против одлуката на претседателот Александар Вучиќ викендов да воведе полициски час во земјата поради растот на бројот на новозаразени од коронавирус

https://p.dw.com/p/3evvg
Serbien Demonstration vor dem Parlament in Belgrad
Архивска фотографијаФотографија: Reuters/M. Djurica

Полицијата употреби солзавец против неколку илјади луѓе кои протестираа пред зградата на парламентот во Белград извикувајќи „Оставка“. Неколкумина успеаја да влезат во зградата но брзо беа потиснати од интервентната полиција. Голем број од демонстрантите беа на мал простор и без заштитни маски, јавува репортерот на агенцијата ДПА. Протестите започнаа непосредно откако претседателот Александар Вучиќ најави нов полициски час претстојниот викенд. 
Во последните 24 часа во Србија починаа 13 луѓе од коронавирусот, што е рекорд за земјата каде досега беа евидентирани 16,700 случаи на инфекцијата. Бројот на новозаразени постојано расте од завршувањето на изборите во земјата, а последниве недели дневниот просек на новозаразени е околу 300 луѓе. Најсериозна е состојбата во Нови Пазар каде болниците се претрупани со пациенти, а се соочуваат и со недостаток на опрема. Неколку болници во Белград веќе се целосно пренаменети за прием на заразени со вирусот, а подготвена е и полска болница во Белградската арена.
Истражување на БИРН претходно покажа дека властите во Србија неколку месеци ги криеле вистински бројки на новозаразени и жртви во пандемијата. Владата демантираше дека ги криела вистинските бројки.