Протести без насилство
16 април 2016Маршот на граѓаните тргна од зградата на Специјалното јавно обвинителство и продолжи кон Собранието, но беше блокиран од страна на полицијата со метални барикади и хермелини пред Триумфалната капија. „Собранието е наше", „Нема правда нема мир" - извикуваа демонстрантите пред кордонот од специјални полициски единици, порачувајќи преку транспаренти дека „нема амнестија за мафијашите".
Во знак на револт поради блoкадата на движењето, демонстрантите делумно ја обоија фасадата на Триумфалната капија, а потоа се упатија во единствената слободна насока - кон плоштадот Карпошово востание. Откако наидоа на полициска блокада кон Камени мост, се упатија кон Владата.
По мало кошкање со полицискиот кордон, полицијата се повлече, а демонстрантите мирно се приближија до Владата, од каде побараа повлекување на претседателската одлука за помилување, одложување на датумот на избори и формирање експертска влада. Се најавува продолжение на протестите и во наредните денови.
Погледнете како беше вчеравечер во Скопје: