1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите во Србија се шират

ЕМФ /агенции
5 април 2017

Илјадници млади во Србија протестираат против Александар Вучиќ, кој победи на претседателските избори во неделата.

https://p.dw.com/p/2ahjj
Serbien Proteste in Belgrad
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Протестите кои почнаа во понеделникот во Белград, се проширија во повеќе градови во земјата.

Демонстрантите тврдат дека на претседателските избори имало манипулации.

Тие извикуваат „Вучиќу крадецу, ги украде изборите“ и држат плакати на кои пишува „Тие не си мој претседател“.

Студентите и учениците се организираат преку социјалните мрежи и не сакаат да им се лепат етикети на која било политичка партија.

Александар Вучиќ победи на претседателските избори со 55% освоени гласови. Разединетата опозиција со 10 кандидати не играше голема улога на изборите.

„Вучиќу крадецу, ги украде изборите“