1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Сепаратистите во Украина повторно воведоа смртна казна

ЕМФ | агенции
13 јули 2022

Проруските сепаратисти во источноукраинскиот регион Доњецк го укинаа мораториумот на смртна казна.

https://p.dw.com/p/4E3Ir
Urkaine l Todesstrafe für drei Söldner, die an der Seite der Ukraine gekämpft haben l Obersten Gericht der Donezker Volksrepublik
Двајцата Британци и Мароканецот имаат поднесено жалби на пресудата на првостепениот судФотографија: Vladimir Gerdo/TASS/IMAGO

Руската агенција Тас јави дека лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина, Денис Пушилин потпишал указ со кој се укинува мораториумот на смртна казна. Минатиот месец сепаратистите осудија на смрт тројца странци во редовите на украинската армија - двајца Британци и еден Мароканец. Во моментов сите тројца имаат поднесено жалба и чекаат одлука. Пресудите, како што се најавува од страна на сепаратистите, би можеле да паднат во текот на месецов.

Доколку не биде укината пресудата на првостепениот суд, или обвинетите не бидат разменети, тие се соочени со стрелање. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не исклучи таква можност и рече дека Русија немало да се меша во судските одлуки на „Народна Република Доњецк“.

Според медиумски извештаи, во рацете на проруските сепаратисти во источна Украина има и други странци. На руската телевизија како заробеници беа прикажани и двајца Американци.