1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Принудни одмори поради ѕидот на Трамп

СН/ агенции
22 декември 2018

На полноќ по локално време во САД стапи во сила т.н. „шатдаун“. Тоа значи принуден одмор за бројни државни службеници. Иницијална каписла за блокадата на владата е граничниот ѕид кон Мексико- изборно ветување на Трамп.

https://p.dw.com/p/3AXAM
USA Kapitol in Washington
Фотографија: Reuters/J. Ernst

САД денеска влегоа во период на делумна парализа на работата на сојузните органи на власта по неуспешниот обид за компромис меѓу Конгресот и Белата куќа околу буџетот и во прв ред финансирањето на ѕидот на границата кон Мексико, кој сака да го подигне претседателот Доналд Трамп. Државната администрација од денеска не добива финансии и поради тоа во наредните денови ќе ги намали своите активности.

Стотици илјади вработени во државните служби ќе бидат на принуден и неплатен одмор или ќе работата без паричен надоместок поради делумната блокада на работата на администрацијата. И покрај обидот за компромис, претставниците на двата дома на Конгресот не успеаја да постигнат договор за буџетот и за финансирање на граничниот ѕид, а продолжението на седницата е предвидено за денеска попладне по локално време.

Претседателот Трамп на Твитер изрази надеж дека делумната блокада на сојузните органи нема да трае долго. Преговорите за буџетот се традиционално тешки и често завршуваат со договори за привремено финансирање на владата. САД веќе имаа таква ситуација три дена во јануари 2018 година.