1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Привремено решение за „шатдаунот“ во САД

ЕМФ / дв
26 јануари 2019

По повеќенеделна блокада на американската влада, претседателот Трамп најави привремено решение на судирот околу буџетот.

https://p.dw.com/p/3CFDF
USA Krise Shutdown l Präsident Trump verkündet vorläufige Aufhebung der Haushaltssperre
Фотографија: picture-alliance/CNP/O. Douliery

Постигнат е договор со пратениците за институциите да можат да почнат со рбаота, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Решението важи до 15 февруари. Во тој период за обезбедувањето на границата ќе се дискутира во рамки на Комитет составен од републиканци и демократи. Трамп се согласи со ваквото привремено решение на судирот околу буџетот, иако не ги доби од негова страна бараните 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата кон Мексико. Со оглед на тоа што најдолгиот „шатдаун“ во историјата на САД се закануваше да ја закочи конјунктурата, Трамп попушти, но само за одредено време.

„Ќе се погрижам сите вработени да ги добијат своите заостанати плати, односно да добијат пари најбрзо што е можно“, рече Трамп. Неколку часа потоа стави потпис на законот со кој администрацијата во наредните три недели може повторно да работи. Демократите со недели бараа излез од проблемот, кое сега е најдено. Само до пред неколку дена Трамп тврдеше дека нема да попушти.

Повеќе: 

Со актуелниот „шатдаун“ Трамп достигнува нови крајности

Трамп ја нервира Пелоси

Една четвртина од владините институции, судови, музеи и национални паркови се затворени. Од „шатдаунот“ се погодени околу 800.000 државни службеници кои или се испратени на принуден одмор, или работат без плати. Многумина побараа помош за случај на невработеност, а дел од погодените беа принудени да се хранат во народни кујни или да бараат нова работа.

Судирот околу буџетот изби на 22 декември, кога претседателот Трамп од Конгресот побара милијарди долари за изградба на ѕид кон Мексико. Демократите отфрлаат таков проект.