1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Преку 3000 летови во светот сторнирани поради ковид

ЖА / агенции
24 декември 2021

Бидејќи многу од вработените се на боледување поради коронавирус, на божикните празници се сторнирани преку 3000 авионски летови во светот

https://p.dw.com/p/44obJ
USA Corona-Pandemie Reisebeschränkung
Фотографија: Gregg Brekke/ZUMAPRESS/picture alliance

Поради пандемијата на ковид, преку божиќните празници, според интернет-страницата FlightAware се откажани преку 3000 авионски летови. Само денеска, кога во бројни земји се слави раѓањето на Христос и традиционално е важен ден за патување, авионските компании во светот анулирале 2175 летови, а натамошни 1259 се откажани и за утрешниот ден, 25 декември.

Една четвртина од сторнираните летови отпаѓа на САД. Авиокомпаниите, кои ги контактирала новинската агенција АФП, откажувањето на летовите го образложуваат пред сѐ со боледувањата на персоналот поради коронавирус.

Само американската авионска компанија Јунајтид, според сопствени наводи, морала да откаже повеќе од 170 летови, односно околу девет проценти од предвидените. „Порастот на случаи на Омикрон во оваа недела имаше директно влијание врз нашиот персонал во авионите и луѓето кои работат во претпријатието“, информира компанијата.

Според проценките на Патничкото здружение Американ аутомобил асосиејшн, околу 109 милиони луѓе во САД планирале да патуваат во деновите од 23 декември до 2 јануари, што е 34 проценти повеќе од лани. Меѓутоа, најголем дел од резервациите за патување за годинешните божиќни празници биле направени уште пред појавата на варијантата Омикрон.