Прекин на прекинот на огнот во Нагорно Карабах?
10 октомври 2020По борбите кои траат со денови во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах, од денеска во 10 часот на сила е прекин на огнот помеѓу Ерменија и Азарбејџан. Преговорите за примирје водени во Москва помеѓу министрите за надворешни работи Џејхун Бајрамов и Зограб Мнацаканјан, траеја повеќе од 10 часа. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, претходно ги повика двете земји на итен прекин на огнот.
Ерменија и Азарбејџан, меѓутоа, непосредно по почетокот на прекинот на огнот, се обвинуваат за кршење на примирјето. Во Ереван се вели дека во регионот претпладнево имало многу воздушни напади. Азарбејџан се обидел да си создаде предност непосредно пред почетокот на примријето, напиша на Фејсбук портпаролката на ерменската армија, Шушан Степањан.
Претставник на самопрогласената влада во Нагорно Карабах на Твитер напиша дека Азарбејџан „со ракети погодил подрачја со цивили“. Се тврди и дека е нападнат градот Капан во Ерменија, на границата со Нагорно Карабах. Владата во Баку, пак, ги отфрла ваквите информации ако „лаги“ и „провокации“. Азарбејџанското Министерство за надворешни работи, од своја страна, јавува за ракетни напади од страна на Ерменија врз населени подрачја.
Повеќе:
Кој што сака во Нагорно-Карабах?
Фотографија на денот: Со пушка и шамија на прaгот од куќата во Нагорно КарабахНагорно-Карабах: клучот за решение е во рацете на Москва
Прекинот на огнот треба да биде искористен за размена на воени заробеници и други затворени лица, како и за пренос на тела на загинатите во нивните татковини. Од почетокот на борбите на крајот на септември, кај двете страни во конфликтот има стотици мртви. Во конфликтниот регион има илјадници бегалци.