1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекинато па продолжено гласањето во Теарце

Кристина Озимец
25 декември 2016

Гласањето на избирачкото место 2011 во селото Теарце утрово беше во 20-минутен прекин откако се расипа лампата за проверка на гласачите, јавува нашиот репортер во селото.

https://p.dw.com/p/2UqpT
Mazedonien Parlamentswahlen
Фотографија: DW/ P. Stojanovski

Прекинато па продолжено гласањето во Теарце. Само два часа по отварањето на гласачкото место, гласањето во Теарце беше прекинато. Неколку гласачи кои пристигнаа да го дадат својот глас во училиштето каде се одвива гласањето беа вратени назад и им беше речено да дојдат за еден час бидејќи и двете уве лампи наменети за проверка на прстот не работат.

Од избирачкиот одбор ни рекоа дека досега немало никакви проблеми од друга природа при гласањето, но поради овој технички проблем првично најавија дека ќе мора околу еден час да биде затворено гласачкото место, додека да се обезбедат нови лампи или пак да се поправат оние кои веќе се на избирачкото место.

Прекинот, сепак траеше само околу 20-ина минути, по што гласањето продолжи. Неофицијално, досега гласале околу 30 луѓе.  

На избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ запишани се вкупно 714 гласачи. Прегласувањето беше наложено од Управниот суд, откако истиот утврди дека во Теарце недостасувал еден записник. Прегласувањето може да влијае врз конечниот резултат на изборите и распределбата на пратеничките места меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.