1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Туск предлага одлагање од една година

ЕМФ / дв
5 април 2019

Британската премиерка Тереза Меј побара од ЕУ повеќе време за излез од ќорсокакот околу Брегзит. Доналд Туск пледира за одлагање на излезот од ЕУ за една година.

https://p.dw.com/p/3GKgU
Ägypten, Sharm el-Sheikh: Theresa May und Donald Tusk
Фотографија: Reuters/F. Seco

Европската унија и Велика Британија размислуваат за натамошно одлагање на Брегзит, со цел да се спречи хаотичен развод. Британската премиерка Тереза Меј со писмо до претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, побара одлагање до 30 јуни. Туск, пак, пледира за флексибилно одлагање во траење до 12 месеци, тврди неименуван извор од ЕУ. „Единствен разумен излез би било флексибилно продолжување на рокот“, вели инсајдерот.

Повеќе:

Долниот дом на британскиот парламент гласаше за одлагање на Брегзит

Брегзит: Трпението на Брисел е сѐ помало

Шефовите на држави или влади на останатите 27 земји членки на ЕУ мора едногласно да донесат одлука за одлагање. Одлуката треба да се носи на вонредниот самит на Унијата наредната среда.

Symbolfoto Brexit
Фотографија: Reuters/T. Melville

Голема пречка за одлагањето на Брегзит се европските избори, кои треба да се одржат од 23 до 26 мај. Доколку Велика Британија во тоа време сѐ уште е членка на Унијата, таму исто така мора да се одржат избори. Сега предвидениот термин за Брегзит - 12 април - е и последниот ден кога Велика Британија би можела да ги распише изборите.