Почнува финалето околу Брегзит
17 октомври 2018Завесата се крева за големото финале на Брегзит драмата, која уште од референдумот во јуни 2016 година ЕУ, а пред се' Обединетото кралство го остава без здив! Својот голем, можеби последен настап на бината во Брисел ќе го има британската премиерка Тереза Меј. Таа на почетокот на состанокот ќе има можност пред премиерите или претседателите на останатите 27 држави во ЕУ уште еднаш да ја претстави својата визија за излез од ЕУ и тоа во рок од 15 минути. Сега мора да се остане сталожен и да се има мирна рака, најави Меј во Долниот дом. Што се однесува до нови предлози, судејќи по натписите во британските медиуми, таа нема подготвено. Расправа, или дури преговори, со госпоѓата Меј не се предвидени. Напротив, британската премиерка по своето Брегзит соло, пред вечерата, се подготвува да замине.
Дури тогаш на бината настапува нејзиниот ривал, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, кој ќе ја изнесе состојбата во врска со преговорот за Бергзит од негова гледна точка. Тогаш сите 27 земји членки на ЕУ ќе се изјаснат дали сите сакаат уреден договор за истапување со Британците, при што не сакаат да ги жртвуваат начелата за внатрешниот пазар во ЕУ. За десерт ќе биде сервирана одлуката за тоа дали во оваа драма ќе дојде до изведба на наредниот чин, што би значело одржување посебен самит на ЕУ за Брегзит во средината на ноември.
Наредниот чин во ноември?
Според мислењето на премиерката Тереза Меј, ЕУ и нејзината влада се многу блиски, ако германската и француската влада појдат јасно од таа претпоставка дека во ноември ќе се одгигра уште еден чин на Брегзит. Ќе дојде ли тогаш до пронаоѓање на решение, се' уште не е јасно. „ЕУ е релативно опуштена“, рече еден висок дипломат од ЕУ, упатен во подготовките на завршниот чин.
Повеќе на темата:
-Сѐ уште нема договор за Брегзит - на Меј ѝ гори под нозе
-Брегзит: ЕУ не сака да намигне прва
„Ќе преговараме се' додека Британците не завршат се'. Тоа зависи главно од постапките и временскиот распоред во британскиот парламент.“ Парламентот во Вестминстер би можел да усвои, па каков и да испадне, договор за Брегзит. Во моментов, конзервативната премиерка, која зависи од гласовите на Унионистите од Северна Ирска, ни за една варијанта од договорот за Брегзит нема потребно мнозинство. Само е дефинитивен датумот за излез: 29 март 2019 година, на полноќ по средноевропско време, кога во Лондон ќе биде 23 часот.
Се' или ништо?
Доколку драмата за Брегзит се заврши без договор и во жестока расправа и по третиот, четвртиот или петиот чин, и на тоа се подготвени, уште еднаш ден пред самитот на ЕУ истакнаа претставниците на владите на земјите членки. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, вечер ќе одржи излагање за тоа. Француската министерка за европски работи изјави дека граничните контроли и царинските терминали во пристаништата во северна Франција и тунелот под Ла Манш се подготвени. Владата на Велика Британија, исто така, се поготвува за „ No-Deal scenario“ со сите видови одредби и правилници за компании. Двете страни, британската влада и Европејците, како што истовремено истакнуваат, повеќе преферираат договор.
Договорот би вклучувал двогодишен преоден период, реципрочни граѓански права за британските државјани во ЕУ и за граѓаните на ЕУ во Обединетото Кралство, како и сметка за излез од 39 милијарди евра.
Еден германски дипломат во ЕУ изјави непосредно пред самитот, дека се подготвени 90 отсто од Договорот за излез и објаснување за политичката иднина. Одлучувачки елемент за договорот е копнената граница помеѓу Република Ирска (ЕУ) и Северна Ирска (Велика Британија). Границата треба да остане невидлива за да не се загрози мирот во областа на Северна Ирска каде што беснееше граѓанска војна. ЕУ предлага и натаму да се задржи Северна Ирска во регулаторна рамка на ЕУ, а новата граница да се пресели на море помеѓу Северна Ирска и Велика Британија. Тоа премиерката го отфрли со театрално признание за единство на „нашето“ Кралство. Таа сака цела Велика Британија и Северна Ирска одреден временски период да останат поврзани со ЕУ со транспорт на стоки, за да се избегне таа граница.
„Повеќе фантазија“
Никој не е заинтересиран да дозволи Велика Британија на 29 март да скокне од карпата Брегзит без договор, предупредува Европското здружение на претприемачи „business europe“ во Брисел. Колку повеќе се доближуваме до датумот за излез, толку поитен станува договорот со преодни обврски“, изјави претседателот на „business europe“ Пјер Гатаз. „Фирмите сега се присилени да донесуваат се' повеќе и повеќе одлуки. Претседателите и премиерите на државите би требале да ја искористат можноста да постигнат договор.“ Германскиот сојуз на претприемачи БДИ за тоа се изјасни малку попоетично: „Стравот од бездната мора да ја разбуди фантазијата“, бараше извршниот директор на БДИ Јоахим Ланг. Сојузот би можел да ја преземе улогата на хор во класичната драма: гласот на разумот.