1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Почина озлогласениот лидер на убиствена секта, Чарлс Менсон

СН/ агенции
20 ноември 2017

И децении по неговотото злосторство Чарлс Менсон важеше за еден од најозлогласените убијци во САД. Неговите следбенички ја убија меѓу другите и бремената сопруга на режисерот Роман Полански, глумицата Шерон Тејт.

https://p.dw.com/p/2nvDo
US-Mörder Charles Manson ist tot
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/CDCR

Чарлс Менсон, озлогласениот лидер на секта, кој им наредуваше на своите следбеници да извршуваат убиства, почина во болница на 83 години. Претходно месецов тој беше префрлен во болницата Бакерсфелд.  Веста за смртта на Менсон ја објави магазинот ТМЗ, повикувајќи се на зборовите на сестрата на Тејт, Дебора, која добила повик од затворски официјални лица.

Припадниците на сектата на Менсон, познати како „семејството Менсон“, убија 7 лица во 1969 година. Меѓу жртвите на овој крвав поход беше и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која беше во поодмината бременост.

Четирите лица кои се наоѓале во нејзиниот дом, исто така, беа избодени на смрт. Членовите на „семејството Менсон“ наредниот ден убија и една богата брачна двојка во Лос Анџелес.

US-Mörder Charles Manson ist tot
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/W. Fong

Менсон веруваше во претстоечка расна војна во САД, по која тој би се воздигнал како лидер на новиот општествен поредок. Ова беше негова визија која ја нарече „Хелтер Скелтер“, по песната на Битлси со која Менсон стана опседнат.

Обвинителите тврдеа дека Менсон се надевал оти црнците во Америка ќе бидат обвинети за убиствата кои ги сторија припадниците на неговиот култ, со што би се зголемиле расните тензии.

Тој убеди одреден број од своите следбеници дека е реинкарнација на Исус Хритос, користејќи комбинација од дроги и харизма со кои членовите на „семејството“, поголемиот број жени од средната класа, ги доведе под своја контрола.

US-Mörder Charles Manson ist tot
Фотографија: Imago/United Archives International

Самиот Менсон не стори ниту едно убиство. Неговите следбеници ги извршија убиствата по негови наредби. Без разлика на тоа, тој е прогласен за виновен за убиствата и е осуден на смрт во 1971 година.

Меѓутоа, пред да се спроведе казната, сојузната држава Калифорнија ја укина смртната казна, а неговата пресуда е променета во доживотен затвор.