Постот треба да претставува радост
26 април 2008Реклама
За голем број верници во Македонија, постот е неизоставен Велигденски обичај, подоготовка за големо доживување, Воскреснувањето пред Велигден, велат верниците. Постот треба да претставува радост, а тоа може да се постигне само со цврста вера, порачуваат пак свештените лица.
Должината на постите е различна. Најревносните постат седум недели, првата и последната седница ригорозно дури и без масло, некои само последната недела пред Велигден, други само од Велики четврток до недела.
Постот ќе заврши на полноќ кога камбаните ќе го означат Христовото Воскреснување, а верниците ќе ги скршат велигденските јајца.