1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познати добитниците на Алтернативната Нобелова награда

30 септември 2010

Во Стокхолм денеска се објавени добитниците на Алтернативната Нобелова награда, со која се одликуваат личности и организации кои пронашле решение за најтешките проблеми на модерното време.

https://p.dw.com/p/PR87
Логото на Фондацијата на Алтернативната Нобелова НаградаФотографија: The right Livelihood Award

Нигерискиот поборник за заштита на животната средина Нимо Басеј е одликуван за неговите напори да ја докаже цената на човечкиот живот во немилосрдното црпење нафта. Од Бразил беше одликуван католичкиот бискуп Ервин Кројтлер за долгогодишното залагање за индијанските пражители. Непалската организација „Сапрос“ и нејзиниот основач Прикришна Упадијај, пак, мобилизираа жители од рурални средини во борба против нивната сиромаштија. Како четврт добитник се јавува израелската организација „Лекари за човекови права“, која се ангажира за унапредување на правото на здравствена заштита за луѓето во Израел и Палестина. Добитниците, покрај одликувањето од Фондацијата на Алтернативната Нобелова награда, меѓу себе ќе поделат и сума од 200.000 евра, како поддршка за нивниот натамошен ангажман.

Автор: ДС/ГЧ/ДПА

Редактор: Горан Чутаноски