Пожарите носат смрт
29 август 2019Реклама
Пожарите во Боливија носат смрт за живиот свет. Ветеринарот Херхес Суарез вели:
„Секојдневно спасуваме животни од оваа катастрофа која се случува. Многу животни умираат близу патиштата, барајќи простор каде се сигурни од огнот, но главно ги убиваат чадот и жештината.“
Пожарите убиваат секаков вид животни. Оние кои сега преживеале, подоцна може да угинат поради недостиг од храна и вода. Тоа не важи само за дивите животни.
Експертите стравуваат дека големиот биодиверзитет би можел да биде загубен засекогаш.