1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Парон“: Венизелос ја разубавува политиката на Груевски

СН/ат/миа3 март 2014

Грчкиот весник „Парон“, кој постојано објавува коментари за неспособност на грчките власти да се справат со проблемот со името, ги критикува изјавите на шефот на дипломатијата дадени за време на посетата на Скопјe.

https://p.dw.com/p/1BIWQ
Фотографија: MIA

Грчката јавност сѐ уште се обидува да го сфати значењето на изјавите кои министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос ги даде за време на посетата на Скопје, коментира грчкиот весник „Парон“. Како што јави дописникот на МИА од Атина, според весникот, изјавите на Венизелос во Скопје „можат да се сфатат ако ништо друго како разубавување на политиката на Груевски“.

„Инаку, како поинаку би го окарактеризирале фактот дека Венизелос упорно јавно го повторува уверувањето од страна на Груевски дека неговата земја нема територијални претензии и не манифестира никаков вид на иредентизам, освен како иницијатива на грчкиот министер да ја претвори оваа изјава во креативен став во однос на името“, коментира „Парон“.

Овој весник постојано објавува коментари за неспособноста на грчките власти да се справат со проблемот со името на Македонија и често, повикувајќи се на европски и американски дипломати, објавува „доверливи“ информации кои никој не ги потврдува, но ниту ги демантира.