Откритието на Сноуден ќе ги оптовари односите на САД и Кина?
13 јуни 2013Програмата „без сомнение ќе му наштети на имиџот на Вашингтон во странство“ и ќе ги оптовари американско-кинеските односи, пишува државниот весник „Чајна дејли“. Едвард Сноуден ја обвини американската тајна служба НСА, дека спровела стотици хакерски нападви врз цели во Кина и Хонгконг.
„Лицемерие на американската влада“
Во целиот свет имало повеќе од 61.000 хакерски напади врз централни точки на интернет мрежите, од каде би можело да се спроведе хакерски напад врз стотици илјади копјутери, рече Сноуден во интервју за „Саут Чајна Морнинг Пост“ од Хонгконг. Нападите врз цели во Кина и Хонгконг го покажуваат „лицемерието на американската влада, кога таа тврди дека не биле напаѓани цивилни структури“, рече Сноуден. 29 годишниот Сноуден, инаку се засолни во полуавтономната кинеска метропола Хонгконг.
Америкнската влада редовно ја обвинува Кина дека стои зад хакерските напади врз САД. Овие обвинувања беа тема и на средбата минатана недела во Калифорнија, кога кинескиот претседател Ши Џингпинг, за првпат откако е на оваа функција го посети американскиот претседател Барак Обама. Само неколку денови подоцна Сноуден откри дека постои тајна програма за надгледување „Призм“, преку која тајната служба НСА наводно имала пристап до серверите на големите интернет концерни како „Гугл“ и „Фејсбук“ и набљудувала кориситници на интернет во целиот свет.
Сноуден на насловите страници во Кина
Кинеските медиуми сметаат дека е иронично, што сега САД се ставени во позиција да бидат обвинувани за хакерски напади. „Излегува дека најголемата закана за индивидуалната слобода и приватната сфера во САД е незаузданата моќ на владата“, рече експертот за надворшена политика Ли Хаидонг за „Чајна Дејли“. Обвинувањата за хакерски напади на Сноуден се најдоа меѓу ударните вести и кај голем број други кинески медиуми.
Владата во Пекинг не сака да се произнесе за судбината на поранешниот американски службеник на тајнтие служби. На прашања на новинарите портпаролката на министерството за надворешни работи Хуа Чунијинг, не даде конкретен одговор. Таа само општо кажа дека Кина ги отфрла сите форми на сајбер напади. Народна Република Кина самата била жртва на компјутерски нападин и се залага за дијалог со другите земји, за заеднички да се гарантира безбедноста на интернет.