1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОН со резолуција за заштита на приватната сфера на интернет

ЕМФ/ард/афп27 ноември 2013

Резолуцијата, изработена од Германија и Бразил, ја става во фокус заштитата на приватната сфера во дигитална ера. Таа е директна реакција на шпионската афера, но во документот ниту една земја не се споменува поименично.

https://p.dw.com/p/1APEK
Фотографија: imago/imagebroker

Под притисок на САД и други држави, во текот на расправата во Комисијата за човекови права на Генералното собрание на ОН, се направени корекции на првичниот текст на документот, како на пример - надгледувањето на интернет комуникацијата да не се третира како повреда на човековите права во секој случај, како што беше предвидено во првичната верзија на текстот. Германските дипломати се сепак задоволни. „Првпат со една резолуција на ОН се утврдува дека истите права што луѓето ги имаат ’офлајн’ треба да бидат заштитувани и ’онлајн’“, изјави германскиот амбасадор во ОН Петер Витиг. Текстот, освен тоа, јасно става до знаење дека „незаконско и своеволно надгледување“ може да значи повреда на слободата на мислење и на правата во приватната сфера. Бразилскиот амбасадор во ОН Антонио Патриота изјави дека сега „секој ќе може да користи интернет, без да се плаши“.

Symbolbild USA Prism NSA Abhörskandal
Резолуцијата е реакција на аферата со прислушување околу американската тајна служба НСА, но во тектот ниту една земја не е спомената поименичноФотографија: imago/McPHOTO

Во документот сите влади се повикани да ги преиспитаат своите „постапки, практики и закони“ при надгледувањето на комуникациите и да им стават крај на повредите на приватната сфера. Германија и Бразил успеаја да издејствуваат комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај наредната година да поднесе извештај за програмите за надгледување на тајните служби и за заштитата на приватната сфера.

За резолуцијата сега треба да се гласа на Генералното собрание на ОН, но тоа важи речиси за сигурно откако таа беше прифатена од страна на надлежната комисија. За разлика од резолуциите на Советот за безбедност, резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки. Сепак, тие имаат големо политичко и морално значење.