1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за хемија

4 октомври 2006

Американскиот научник Роџер Корнберг е добитник на годинешната Нобелова награда за хемија.59-годишниот професор на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија работел на полето на процесот на копирање на гените.

https://p.dw.com/p/Aeco
Добитникот Роџер Корнберг
Добитникот Роџер КорнбергФотографија: AP

Поконкретно,Корнберг се занимавал со начинот на кој одредена генетска информација се пренесува кон деловите на келиите кои се задолжени за производство на протеини.

А тоа е особено важно во медицината,зашто пречките во процесот на копирање на генетскиот информатички материјал водат кон срцеви заболувања и рак,како и бројни воспалителни процеси,објаснува професор Менс Еренберг од катедрата за молекуларна биологија во Упсала:

„Роџер Корнберг ги положи основите за сваќањето на влијанието на гените врз новите клетни.Тоа е клуч на пример за ембрионалниот развиј или за настанувањето на ракот.

Корнберг е првиот кој шематски го прикажува тој процес на молекуларно ниво,а тоа помага во наоѓање пат за медицински решенија“,изјави професор Еренберг.

Инаку, годинешниот добитник на наградата е син на поранешен нејзин носител.Артур Корнберг во 1959 година го доби престижното признание за работат во областа на медицината.Тој откри како се пренесуваат генетските информации од ДНК –мајчините клетки.