1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за хемија 2004 година

14 октомври 2004

Како и нобеловата награда за физика оваа година и нобеловата награда за хемија им беше доделена на тројца научници.

https://p.dw.com/p/AefY

Тоа се Аарон Чихановер од Технион, израелски технолошки институт во Хаифа, неговиот колега Аврам Хершко и Ирвин Роуз од Универзитетот во Калифорнија, САД. Наградата ја добија за отркитието на контролирано разградување на протеини со помош на убиквитин.

Секоја жива материја содржи протеини, односно белковини. Во човечките клетки се појавуваат стотици илјади различни проетини, сите со посебни задачи. Некои ги забразуваат хемиските реакции, други ја одредуваат формата на клетките а трети пак играат важна улога во одбранбениот систем на човекот.

Секоја клетка самостојно произведува протеини, но таа нив мора и да ги отфрли за на пример да не се создаде преголема количина на ист тип протеини, или пак за да ги отфрли одвишните или фаличните протеини. Токму овој феномен го истражувале и тројцата овогодишни лауреати. Аарон Чихановер, Аврам Хершко и Ирвин Роуз откриле дека клетките се многу ефикасни контролни центри во кои со огромна брзина се градат и уништуваат протеини, и тоа не хаотично туку перфектно комнтролирано а во целиот процес најголема улога игра материјата Убиквитин.

Убиквитинот е полипептид, односно состав од различни аминокиселини. Тој бил откриен во 1975 година и неговото име го добил благодарение на фактот дека се наоѓа во сите можни ткива (јубик-насекаде). Убиквитинот ги обележува протеините кои треба да бидат уништени. Тоа што тој еднаш го означил е осудено на сигурна смрт. За оваа цел молекулот го обвиткува непотребниот или фаличен протеин и го придружува до местото за отстранување односно до протеазомите. Овие процеси на контролирано уништување на протеини биле откриени од тројцата научници во седумдесетите и раните осумдесети години. Но во тоа време нивното фундаментално значење сеуште не било јасно.

Професорката Астрид Греслунд која учествувала во изборот за доделување на нобеловата награда вели:

“Дека протеините се разградуваат е одамна познато, но не се знаеше како точно тоа се случува. Разградувањето на белковини при варењето на храната во желудникот на пример е познато. Откритието на тројцата научници енормно го подобри нашето познавање за процесот. Благодарение нанивната работа знаеме дека протеините контролирано се разградуваат така што во една клетка која има посебна задача секогаш се наоѓа токму потребната количина на протеини.”

Понатамошни истражувања покажале дека убиквитинот игра централна улога во циклусот на клетките и во клеточната делба. Исто така и кај поправките на ДНК-та, при контролата на квалитетот на новосоздадените протеини и кај имунолошкиот систем. Попреченото активирање на убиквитинот во клетките предизвикува односно претставува рак.

Фактот дека убиквитинот го управува процесот на уништување на протеини во клетките во меѓувреме стана основа на многу медицински истражувања. Тоа сознание претставува чекор понатаму во потрагата по сретства за борба против ракот и други болести.