Нема ништо од црно-зелена влада
16 октомври 2013Разговорите беа водени шест часа зад затворени врати, но до новинарите сепак протекуваа информации околу текот на сондирачката рунда: разговорите меѓу Христијанско демократската и Христијанско социјалната унија од една страна и Партијата на Зелените биле пријателски, но содржински без големи приближувања. Големи разлики постојат пред сѐ кај темите земјоделство и сообраќај, но и кај општоважечката минимална плата, која Зелените ја поставуваат се‘ повеќе како услов. Тоа оневозможило постигнување согласност.
Разговорите завршија ноќеска пред полноќ, но делегацијата на Зелените се повлекла на дополнителни консултации, според најавата, да донесе одлука околу евентуалниот премин кон коалициони разговори по втората сондирачка рунда. Слично беше и со партиите на Унијата.
„Нема коалициони разговори“
Еден час по полноќ генералниот секретар на ЦДУ Херман Грехе соопшти дека нема да дојде до продолжување на сондирачките разговори меѓу Унијата и Зелените.
Унијата во разговорите влегла отворена кон резултатот, посебно во клучните точки за политиката кон бегалците и земјоделството, но морала да каже јасно „не“ за масивните зголемувања на даноците, барани од Зелените, кои тука пак не се подготвени да прават отстапки. Беа водени суштински, интензивни и убави разговори, потврди и шефицата на Зелените на заминување, Клаудија Рот на пресот со копретседателот на партијата, Чем Ездемир. Но, на крајот е решено да не се препорачаат коалициони преговори, зашто се чини дека нема основа за формирање заедничка влада.
Ездемир го пофали сериозното барање на можности за надминување на разликите, истакнувајќи дека вратата за соработка со партиите на УНијата, од аспект на идна соработка, не се целосно затворени.
Голема коалиција не е нужно решение
Со одлуката на Зелените не доаѓа нужно до решнието за голема коалиција: на претстојниот викенд ќе се одржи партиската конвенција на Социјалдемократската партија, која треба формално да реши за водење коалициони разговори. Унијата и СПД во понеделникот вечерта ја завршија втората рунда разговори, а трета треба да биде водена утре.
Ако партиските членови на СПДсе изјаснат против формирање заедничка влада со партиите на Унијата, освен нови избори теоретски постојат уште две можности: малцинска влада на Унијата или коалиција од СПД, Зелените и Левицата. Но, последната можност СПД консеквентно ја отфрлува. Можеби канцеларката Меркел во таков случај ќе мора уште еднаш да почука на врататана Зелените.