1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

На 20 милиони луѓе им се заканува смрт од глад

СН/ агенции
11 март 2017

Светот се соочува со најголемата хуманитарна криза по 1945 година, предупредија Обединетите нации и апелираа за итна помош.

https://p.dw.com/p/2Z2Io
Hungersnot in Nigeria
Фотографија: picture alliance/dpa/Unicef/NOTIMEX

Координаторот на Организацијата на Обединетите нации за хуманитарни операции, Стивен О’Брајан, упати драматичен апел за помош до земјите членки на светската организација. Тој во Советот за безбедност на ОН истакна дека светот се соочува со најголема хуманитарна криза од 1945. година, откако над 20 милоини луѓе се соочуваат со смрт од глад.

О’Брајан во Советот на безбедност уште потенцираше дека „без колективни и координирани глобални напори, луѓето едноставно ќе почнат да умираат од глад“ и додаде дека многумина „ќе добијат разни болести и на крајот ќе умрат од последици од глад“.

Schweiz UN Stephen O'Brien
Стивен О'БрајанФотографија: picture-alliance/dpa/M. Girardin

Претставникот на ОН притоа побара итна помош за чатири земји во кои има вооружени конфликти и кои се најзагрозени од глад- Јемен, Јужен Судан, Сомалија и североисточниот дел на Нигерија.

Според неговите зборови, најсложена е ситуацијата во во Јемен , каде помош е потребна за две третини од населението, односно за 18,8 милиони луѓе. За 10,3 милиони, според О'Брајан е потребна итна хуманитарна помош во храна, а меѓу нив има 2 милиони деца кои се гладни.

Хуманитарните организации, исто така, апелираат за „безбеден и непречен пристап“; за доставување на помошта, рече О’Брајан, наведувајќи голем број предизвици во Јужен Судан.

Глад во кризните региони

„Убиени се хуманитарни работници, хуманитарни кампови и магазини се нападнати, ограбени, и окупирани од страна на вооружени лица“, рече тој. Советот за безбедност и меѓународната заедница треба да дејствуваат во насока на брза интервенција. „Сето тоа мора да се спречи“, рече О’Брајан. „Можно е да се спречи оваа криза, да се спречи глад, за да се избегнат овие демнечки човечки катастрофи“. Без помош, сепак, „многу луѓе очекувано ќе умрат од глад, благосостојбата ќе биде загубена, и политичките цели кои беа тешко постигнати во текот на последните неколку години ќе се сменат, рече О’Брајан.