1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД поделени околу насилството на јужната граница

Маја Швајдер
27 ноември 2018

По безредијата и нападите со солзавец против мигрантите на границата Мексико-САД се зацврстија фронтовите во Вашингтон околу политиката на доселување. Решение на спорот не е на повисок.

https://p.dw.com/p/38zkP
Mexico Tijuana - Tränengaseinsatz an der Grenze zur USA
Фотографија: Reuters/A. Latif

На кој начин САД треба да се однесуваат кон мигрантите и подносителите на барање за азил? Откако американските трупи на границата кон Мексико употребија солзавец против мигрантите дополнително се заостри ионака зовриената дебата.

Уште претходо судирот на мислења околу доселувањето доведе до тензии во политички Вашингтон. По насилните судири на американско-мексиканската граница се чини дека постигнувањето каков било компромис околу тоа е подалеку од кога било. Така Демократите и Републиканците го користат заострувањето на ситуацијата на границата како можност да продолжат со курсот на конфронтација.

„Луѓето го користат хаосот на границата за да ги оправдаат политичките ставови кои и порано ги поддржувале“, вели Алекс Науратсех, експерт за доселеничка политика од инситутот Кејто од Вашингтон. „Сѐ што се случува по должина на границата на луѓето им ги потврдува нивните досегашни политички ставови“, дополнува овој експерт.

Mexiko Migranten an Grenze zu USA in Tijuana
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Pardo

Конфликтот стигна во главниот град на САД многу порано од доаѓањето на големите „карвани“ на централно-американски мигранти на мексиканската граница. „Членовите на политичката десница тие карвани ги перцепираат како вистинска закана“, објаснува Скот Андерсон од институтот Брукингс. „Многумина од нив говорат за инвазија“. Политичката левица од друга страна со голема загриженост гледа криза на владата.

Заглавена дебата

Со години во Вашингтон нема никакви придвижувања, кога станува збор за дебатата за реформи на доселеничката политика. Колку помалку можности имаат мигрантите за легално да допатуваат на јужната граница на САД, толку повеќе расте напрегнатоста меѓу двете страни.

Повеќе на темата:

-Матис: Нема да се пука во мигрантите

-САД: Нема заострување на правилата за азил, засега

-Трамп - сејач на омраза

„Кога станува збор за темата доселување, расположението е тмурно“, вели Мет Делек, професор на универзитетот Џорџ Вашингтон. „Има малку надеж за вистински напредок“, вели тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото бара финансиски средства за изградба на неговиот одамна најавен граничен ѕид кон Мексико и со тоа како нужно зло го зема предвид и т.н "government shutdown", односно застој во работата на владата.

Реформата на политиката на доселување, според Делек, е една од централните теми на Трамп. Таа е важна за неговата база, од чија поддршка тој не сака да се откаже. „Тешко е да се каже, колку ќе попушти или да ли ќе биде довоолно подготвен за компромис за да може за оваа тема да ги придобие Демократите на своја страна“. Згора на тоа политиката на доселување предизвикува поделба и кај гласачкото тело на двете страни.

BdTD Mexiko Grenze zu USA in Tijuana | Rosa Villa & Sohn Esteban aus Honduras
Фотографија: Reuters/L. Nicholson

„Ако воопшто тогаш партиските политичари на проблемот ќе му пристапуваат од гледиштето на сопствената партија. И Трамп повторно ќе каже: 'Погледнете ги сите мерки кои ги преземав за за справување со беззаконието на границата“, истакнува Делек.

Демократите се сметаат себе си за продоселеничка партија

Демократите наспроти тоа повторно ќе се потпрат на гледиштето дека се толерантна, продоселеничка партија, смета Делек, и со тоа натамошно ќе ја подгреат дебатата, што може само да доведе до поголем застој.

Тоа пак може да заврши со правен хаос, прогнозира Алекс Науратсех. Конгресот во јануари продолжува со работа со новите пратеници во двата дома, но едноставно нема да биде возможно, да се реши овој проблем, истакнува тој.

Покрај тоа веројатно е дека Претставничкиот дом, во кој тогаш мнозинство ќе имаат Демократите, ќе ја стави под лупа секоја мерка за доселувањето, која претседателот ја вовел од 2017 година наваму.