Нападнат конвој на ОН: Убиен амбасадорот на Италија во Конго
22 февруари 2021Италијанскиот амбасадор во Конго и еден италијански полицаец се убиени денеска во Конго по нападот на конвој возила на ОН, соопшти Министерството за надворешни работи во Рим.
Министерството наведе дека амбасадорот Лука Атанасио и еден полицаец се убиени северно од Гома, на истокот на Конго, а се наоѓале во конвојот возила на Мисијата за стабилизација на ОН.
Од министерството потврдија дека амбасадорот Атанасио починал во болница, откако бил погоден од огнено оружје во пределот на сомакот, и изразија длабоко жалење поради неговата смрт.
Во нападот се убиени уште две лица, пренесува агенцијата Франс прес повикувајќи се на портпаролот на војската на Конго. Покрај италијанскиот полицаец-телохранител на Атанасио смртно застрелан е и возачот на амбасадорот.
Причината за нападот сѐ уште не е утврдена, но во близината на паркот Вирунг, кој се наоѓа по должина на границата на Конго со Уганда и со Руанда, дејствуваат неколку вооружени групи кои често ги напаѓаат ренџерите од Националниот парк.