Музика
Надминување на поделбите со ритамот на музиката
22 јануари 2021Реклама
Некои се дизајнери, други се студенти, а некои работат и физички работи. Заедничка им е љубовта кон музиката
Членовите на бендот „Керпудхат“, или Печурки, настапувале низ многу места во регионот. Велат дека меѓу нив нема разлики. Заеднички им е недостатокот на услови за работа и шанса да живеат од музиката која најмногу ја сакаат. Младите тетовци велат дека сакаат да остават поинаква трага во земјата која мина низ бројни турбуленции. Оптимисти се и велат дека нема да престанат да ги менуваат нештата со својот ритам.
Слушнете го нивниот ритам и ставови: