1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музеј на интернет- Германска дигитална библиотека

М.Бетјен/С.Недевски13 април 2014

Пристап до уметничките и културни богатства отсега во Германија може да се има и онлајн. Германска дигитална библиотека е проект, кој воедно е и германски придонес за европската база на податоци Еуропеана.

https://p.dw.com/p/1BaER

Кралицата Нефертити е веројатно најпознатата египетска Берлинчанка, која може да се види во живо во Новиот музеј во Берлин. А сега таа може да се види и онлајн во Германската дигитална библиотека. Тоа е интернет портал на кој пошироката јавност може да ги погледне збирките на германските музеи, библиотеки и инстражувачки институти. Можат да се најдат ретки ракописи, книги, филмови слики. Еден вид пристап до германското културно паметење.

„Германската дигитална библиотека има задача да му се обраќа на целокупното население, на сите корисници, многу целни групи: врвниот истражувач, ученикот, студентот, туристот кој доаѓаат во Берлин и сака да се информира како и генерално оној заинтересиран за култура“, вели Херман Парцинген од Управениот одбор на Германската дигитална библиотека.

Посетителот на дигиталната библиотека таму може да најде ретки филмски документи. Сто години од почетокот на Првата Светска Војна, филмови од овој период сега стојат онлајн- како овој од еден приватен архив. Библиотеката нуди пристап до вкупно 8 милиони документи. При претставувањето на проектот јасно беше истакнато дека културното наследство на Германија не смее да биде достапно само на приватни портали како Гугл или Википедија. Затоа државата вложи 24 милиони евра во овој проект.

„Преку монополите на податоци настануваат интерпретациски монополи, кои не се во согласност со демократијата. И ние настојуваме со државни пари да овозможиме пристап до нашето културно наследство и до широк спектар на нашето знаење, нашата култура“, истакнува Моника Гритерс, државна секретарка за култура и медиуми.

А ова е само почеток. Новата библиотека расте. Наскоро би требало да бидат понудени содржини од повеќе од 30 илјади институции, па дури да се овозможат и виртуелни музејски посети